Македонија со најниска просечна плата на Балканот
Северна Македонија има најниски просечни плати во регионот на Балканот.
„Нето месечната плата во октомври изнесува 685 евра“, соопшти Државната агенција за статистика.
„Македонија заостанува зад соседните земји, каде работниците заработуваат повеќе. Во Босна и Херцеговина просечната плата е 720 еу, во Црна Гора – 944, во Србија – 842, во Хрватска – 1.340, а во Словенија – 1.514 евра“, велат податоците на ЕСХС.
И покрај тоа што просечната нето плата е зголемена во однос на минатиот месец и што просечната плата во РМВ во последните 10 години е зголемена за околу 94%, Македонија и понатаму останува на дното на листите во Европа според висината на минимални плати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа