Крстевски најави кандидатура за в.д. градоначалник на Кочани

 


Советникот Венко Крстевски од кандидатска листа поддржана група избирачи, најави дека е подготвен да ја извршува функцијата в.д. градоначалник по оставката на досегашниот градоначалник Љупчо Папазов, кој е осомничен и во притвор за пожарот во дискотеката Пулс во кој животот го загубија 61 лице, а околу 200 се повредени.

На својот Фејсбук профил, Крстевски како независен член на Советот, оценува дека другите советници, посебно од партијата на власт, се трудат да го избегнат изборот на в.д. градоначалник, поради што тој решил да ја истакне својата кандидатура за функцијата во наредните шест месеци, иако очекува опструкции при изборот.

-Неспособноста на локалната владејачка партија доведе до тоа да треба да се избере седми директор на КЈП „Водовод“ - Кочани во само три години. Секогаш сум бил на страната на народот и тој тоа многу добро го знае. Имам изглегувано на сите протести и штрајкови и се имам спортиставувано на сите политики кои не се за доброто на кочанчани, без разлика кој и да е бил на власт. Во овој состав на Советот на Општина Кочани, советниците од владејачката партија немаат дадено ниту еден предлог и немаат никаков допринос за подобрување на амбиентот на живеење на кочанчани. Свесен сум дека сум само еден независен советник во Советот, но верувам дека некои од советниците ќе го препознаат мојот квалитет и искрена желба за создавање на подобри услови за живеење на кочанчани и нивните деца, истакнува Крстевски.

Во образложението за кандидатирата тој нагласува дека досега во Советот имал над илјада дискусии и преку 200 советнички прашања, од кои дел се прифатени и реализирани. Исто така, во изминатиот период дал поддршка на сите граѓански протести и штрајкови, а се спротивставувал и на сите политики што не се во интерес на граѓаните, без разлика кој ја имал власта.

Крстевски е единствениот кандидат кој јавно искажал намера да биде в.д градоначалник на Кочани во следните шест месеци. 

Изборот на в.д. градоначалник е закажан како единствена точка на дневниот ред на 62. седница на Советот на Општина Кочани, што треба да се одржи в понеделник во 12 часот.

11.04.2025 - 16:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега