Адвокатот на Палчо: Пострашно е да браниш педофил отколку убиство

 

Јовица Страшевски кој е адвокат на Љупчо Палевски Палчо, во случајот за убиствата на малолетната Вања и велешанецот Панче, гостуваше во подкастот на новинарот Кристијан Ландов, каде тој го запраша "Како се чувствувате како адвокат на Палевски"?

- Значи јас работам како адвокат. Јас странките не ги делам на вакви или такви. Има значи мои колеги што бранат педофили, што по мене е поопасна работа цел живот некое дете да има трауми да браниш педофил, отколку да браниш еве да речам убиство. За мене е пострашна работа детето да остане живо и цел живот да има трауми од некој педофил што го нападнал и уму оставил трауми за цел живот“, рече Страшевски на прашањето на Ландов.

По шокантниот одговор, новинарот го праша „Страшевски да не сте изморен?“, на што тој одговори: „Зошто не ги прашувате колегите мои ои што бранат педофили? Зошто не ги прашувате (педофилија за вас е пострашно од убиство на дете?- го прекина Ландов), на што адвокатот рече „ за мене да“.

Инаку, судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска со почеток во 9 часот во Основниот Кривичен суд Скопје со сведочење на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. По Ѓорчевски, на кој денеска прашања треба да му поставува Обвинителството и одбраната на останатите обвинети, треба да биде сослушан и обвинетиот Љупчо Палевски. 

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес. 

 

11.04.2025 - 08:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега