Ужас во Хрватска: Тоне брод

 


Бродот „Мелита“, кој вообичаено плови од Задар до Сали и Заглав на Дуги Оток, тоне, а во тек се спасувачки операции за патниците.

Според хрватските медиуми, трупот на бродот попуштил и едната страна од бродот тоне.

Како што може да се види на снимките до кои дојде „Јутарњи лист“, десетици патници се евакуираат од бродот.

Според достапните информации, бродот вообичаено сместува 180 луѓе, но не е познато колку патници имало на него.

16.06.2025 - 23:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа