Силен земјотрес ја погоди Грција

 


Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 19:57 часот, во Егејското Море, јужно од „првиот прст“ на грчкиот полуостров Касандра, една од ограноците на Халкидики.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 39,76 и географска должина 23,5.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 6 километри под површината на земјата.

16.06.2025 - 23:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега