Не мируваат ниту Иранците: Пиштат сирените во централен Израел - стигнаа ракетите

 

Во централниот дел на Израел се огласија сирените за тревога откако Иран лансира балистички ракети.

Израелските безбедносни сили (ИДФ) пет минути пред да се огласат сирените ги предупредија граѓаните да се засолнат.

Израелските власти соопштија дека во најновиот ирански напад нема повредени лица.

ИДФ наведе дека врз централен Израел истрелани се помалку од 10 проектили, од кои повеќето биле пресретнати.

17.06.2025 - 17:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега