Тошковски: Нема одговорност за полицаецот што го симна албанското знаме од бандера, постапката е затворена
Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информираше дека не е утврдена одговорност, ниту прекршување на стандардно-оперативните процедури од страна на полицаецот кој на Денот на албанското знаме, симна албанско знаме од бандера.
„Беше отворена истрага од Одделот за внатрешна контрола. Во рамки на утврдените дејствија, не е утврдено дека тој прекршил процедура во рамки на МВР. Подетално може да видиме што е и како е, понатаму“, рече Тошковски.
Со ова, постапката за полицаецот е затворена.
27.12.2024 - 12:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа