Ограбена црква во охридско
Засега непознат сторител извршил грабеж во црквата „Св.Климент Охридски“ во охридското село Климештани, при што според член на црковниот одбор украл седум икони, еден сребрен крст и 600 денари.
Според полицискотоо соопштение, кражбата била извршена во периодот меѓу 28. февруари и 2. март. Во црквата „Св.Климент Охридски“ во селото Климештани сторителот влегол откако претходно насилно и со подесен алат ги скршил двата цилиндри од бравите на влезната и вратата на помошна просторија. Сторителот потоа се упатил во внатрешноста на црквата и извршил пребарување низ црковните простории.
Седумте икони и сребрениот крст ги одзел од главната црковна одаја, а парите од просторијата за продажба на свеќи по што избегал.
За извршената тешка кражба СВР Охрид изврши увид на местото на настанот и достави информација до Заводот и музеј на град Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа