Рудари од Пробиштип завршија во болница - им паднал одрон од руда додека работеле

 

Двајца рудари од пробиштипскиот рудник за олово и цинк „Добрево“ вчера околу 20 часот се здобиле со повреди. До несреќата дошло кога во една од рударските јами одрон на руда паднал врз нив.

Рударите веднаш се префрлени во штипската клиничка болница, а според лекарите не се во животна опасност. 

Двајцата рудари завршиле со фрактури на нозете и рбетот.

 

03.03.2014 - 09:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега