Влегле преку скршен прозорец и украле пари и крст - ограбена уште една црква
Уште една црква мета на крадци. Четири илјади денари и метално дрвен крст од постар датум одзеле засега непознати сторители по тешката кражба што ја извршиле во текот на изминатата ноќ во црквата „Свети Илија“ во селото Стенче, општина Брвеница.
- Според информациите, таа црква и претходно била цел на провалување и кражба и тоа преку прозорецот на кујната што бил скршен. Крадците го искористиле моментот што стаклото на тој прозорец било само бил залепено, а не и целосно заменето и откако уште еднаш го искршиле, влегле во црквата и од дрвено сандаче што било во олтарот одзеле околу 4.000 денари што биле оставени како дар од верниците и еден метално дрвен крст, рече Јосифовски и додаде дека се работи на откривање на идентитетот на сторителите и нивно приведување, пренесе МИА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа