Грипот однесе уште еден живот - почина 60-годишен струмичанец

 

Утрово грипот зема уште една жртва во Македонија. Се работи за 60 годишен пациент од Струмица кај кој е добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца, тип Б.

Пациентот 10 дена бил хоспитализиран на Инфективната клиника со тешка клиничка слика и повеќе хронични заболувања, како што се акутна бубрежна слабост и хронична миокардиопатија. И покрај вложените максимални напори на лекарите од Инфективната клиника, поради масивната билатерална бронхопневмонија пациентот утрово починал.

Во моментот се хоспитализирани 105 пациенти, од кои 6 се во потешка здравствена состојба.

28.02.2014 - 14:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега