Украле компјутери од училиште во Велешта - фатени тројца разбојници

 

20-годишниот П.И. 20-годишниот А.Х. и 15-годишниот Д.Р. од струшко Велешта си заработија кривична за кражба.

Пријавените од основното училиште „Зини Хани“ во Велешта украле 14 монитори и две куќишта за компјутери, а потоа ги сокриле со намера да ги продаваат.

Кражба ја извршиле на први овој месец околу два часот откако по претходен договор до училиштето пристигнале со возило џип. Пријавениот П.И. со употреба на физичка сила успеал да отвори еден од прозорците на јужната страна од училиштето по што А.Х. и Д.Р. влегле во внатрешноста на училиштето. Мониторите и куќиштата преку отворениот прозорец му ги подавале на П.И. кој потоа ги ставил во џипот. Бесправно одземените компјутери потоа ги сокриле во поткровјето од куќа во Велешта од каде чекале соодветен момент да вршат нивна продажба.

Пријавените П.И. и А.Х. се лица познати на службата како извршители на вакви и слични казнени дела за што и досега им биле поднесувани кривични приајви. 

28.02.2014 - 12:05
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега