Екстерното се одвива без проблеми - еве ги деталите

 

Екстерното тестирање кое започна денеска се одвива без проблеми. Тестирањето како што беше предвидено започнало во 9 часот и 30 минути, а задоцнување имало само во гимназијата во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово бидејќи немало Интернет.

- Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар се подготвени со техничка професионална помош, со набљудувачи-тестатори и евентуално ако се појави некој проблем нашите стручни тимови ќе  реагираат, но досега немаме пријави. Брзо се решаваат и прашањата што укажува дека се подготвени и учениците и наставниците. Со ова екстерно тестирање се опфатени 20.000 ученици, околу 2.900 наставници, а се полагаат 1.524 предмети и вкупно 60.000 прашања, вели Сафет Незири по посетата на средното „Зеф Љуш Марку“ во Скопје.

За екстерното тестирање Министерството за образование и наука креираше систем во кој за матурантите пред тестирањето беа достапни сите прашања за сите предмети од сите видови образование. Бројот на прашања на тестот зависи од тоа колку е предметот  застапен неделно во наставата, така што за предмет што учениците го имаат еднаш во неделата, просечно ќе има околу сто прашања.

За вториот предмет учениците ќе бидат тестирани задутре на 24 јануари.

22.01.2014 - 13:10
Фото: 
бркајработа

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега