Рекордери во Европа: Од аерозагадување најмногу умираат Македонци

 

Македонија е меѓу земјите кои се најпогодени од загадувањето на воздухот, односно има најмногу смртни случаи како последица на загадениот воздух.

– Во моментов, сите земји на ЕУ пријавуваат нивоа на азот диоксид над препорачаните нивоа од СЗО, но некои се посилно погодени од загадувањето на воздухот од другите. Најмногу смртни случаи од загадувањето има Северна Македонија, а по неа е Србија. И соседните Албанија, Бугарија и Црна Гора имаат премногу високи оценки, според неодамнешниот извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) – јавува „Euronews“.

Во 2021 година, Светската здравствена организација (СЗО) ги ажурираше своите упатства за квалитетот на воздухот, намалувајќи го препорачаниот праг за годишни концентрации на азот диоксид и мали честички (PM2.5), како што се прашина, чад и саѓи од издувните гасови.

Во декември, Европската унија усвои построги правила за квалитетот на воздухот, со цел да ги приближи своите стандарди до препораките на СЗО до 2030 година.

12.01.2025 - 15:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега