„Монструм“ започнува одново - Љута не бил на Смилковското езеро ?
Во Кривичниот суд денеска напладне започна одново судскиот процес Монструм за масакрот кај Смилковското езеро. Како што пренесува Канал 5, во судницата и натамѕ ги немапрвоосомничените Демири и Исмаиловиќ, а според најновите тврдења, Сами Љута вели дека целиот процес е измислен и дека тој не бил на Смилковското езеро дента кога се случи грозоморното убиство.
За потсетување, петкратното грозоморно убиство се случи на 12 април, при што животот го загубија пет млади момчиња.
02.12.2013 - 15:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа