Ковачевски: Низ социјален дијалог ќе дојдеме до решение за платите во јавниот сектор

 

Низ социјален дијалог и без политичко влијание ќе се дојде до решение за платите во јавниот сектор, потенцираше вечерва премиерот Димитар Ковачевски, најавувајќи рекордно зголемување на пензиите коешто не е политички мотивирано.

Претседателот на Владата во гостувањето на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 нагласи дека Владата води транспарентни разговори со сите синдикати и дека тој секогаш е на страната на работниците.

– Треба низ социјален дијалог, како што било до сега и како што ќе биде, и низ социјален дијалог ќе дојдеме до решение. Да нема политички влијание, ние покажавме и низ штрајкот на СОНК дека нема политичко влијание од оваа Влада, не беа носени заменски наставници, децата не одеа во училиште две недели, никој не вршеше притисок, посочи Ковачевски.

Премиерот истакна дека во услови на увезена инфлација и светски кризи Владата ја зголеми минималната плата на задоволство на синдикатите. Сепак, како што додаде, дел од нив не сакаа да се постигне договор, веројатно политички мотивирани и сега ги гледаме со протести.

Тој информираше дека ќе има и воспоставување на методологија на раст на пензиите.

– Ќе имаме сега историско најголем раст на пензиите кој што не е политички мотивиран, туку кој што е методолошки и не е во изборна година. Истото треба да биде и со платите во јавниот сектор, порача Ковачевски.

05.05.2022 - 23:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега