Казна од 200 евра за тие што возат во капут, зимска јакна и со ракавици

 

Ако возите во зимска јакна или во капут, дури и ако носите шал или ракавици, може да бидете казнети и до 200 евра. Ова важи во Шпанија и во неколку други земји, а зад правилото стои фактот дека ваквите дополнителни слоеви на облека го ограничуваат возењето, односно ги ограничуваат движењата на возачот зад воланот.

Тестовите на германскиот автоклуб (АДАК) покажаа дека може да има повеќе проблеми со зимската јакна.

Тоа ќе го оневозможи правилното затегнување на безбедносниот појас, кој може да се лизне преку желудникот и да ги повреди цревата, црниот дроб или слезината.

Имено, поради полнењето на зимската облека, останува простор помеѓу ременот и телото, па ременот може длабоко да пресече во стомакот во случај на несреќа.
Потоа може да има сериозни повреди на меките ткива, како што се цревата, црниот дроб или слезината, па дури и внатрешно крварење.

Затоа, се препорачува да ја извадите јакната пред да влезете во автомобилот.

Исто така, децата во седиштето треба да бидат без густа зимска облека.

25.11.2024 - 14:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега