Хорор во Австрија: Србин си ја избодел девојката со кујнски нож

 


25-годишниот Србин кој наводно ја избодел пет пати со кујнски нож својата девојка (22) во Линц-Ебелсберг, ќе одговара за обид за убиство, јавуваат австриските медиуми.

Драматични беа сцените што се случија на крајот на август во Линц-Ебелсберг. 25-годишен Србин, наводно, ја избодел својата девојка пет пати со кујнски нож од 20 сантиметри. Жената се спасила влегувајќи во куќа, облеана во крв, пренесува Кронен Цајтунг.

Девојката (22) преживеала благодарение на итна операција, а мажот оттогаш е во притвор. Меѓутоа, сега против него е покренато обвинение. Човекот ќе се брани од обвинението за обид за убиство, како што потврди Улрике Брајтенедер, портпаролка на јавното обвинителство во Линц.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна од 10 до 20 години. Датумот на судење се уште не е одреден, бидејќи има рок за жалба од две недели. Судењето, според тоа, најверојатно ќе се одржи дури следната година.

26.11.2024 - 09:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега