Филипче на средба со новата заменичка претседателка: Новото раководство ќе ги обедини сите

 

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на своите социјални мрежи објави фотографија од средбата со новата заменичка претседателка, Фани Каранфилова-Панова.

„Денеска го одржав првиот работен состанок со нашата заменичка претседателка, Фани Каранфилова-Панова. Разговаравме за клучните приоритети во новата програма на СДСМ и визијата која треба да ја претвориме во конкретни политики и резултати.
Новото раководство ќе ги обедини сите кои веруваат во социјалдемократските идеи, во промени и напредок. Очекувам во текот на оваа недела да биде комплетирано целото раководство на СДСМ по што започнуваме интензивно со работа. Време е за нови победи!“, вели Филипче.

25.11.2024 - 22:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа