СДСМ: Масовната посетеност на митингот покажа дека граѓаните ќе гласаат за Стево кој обединува
СДСМ денеска се заблагодарија на граѓаните за поддршката на митингот.
Им благодариме на граѓаните за силната поддршка на концептот што води напред кон прогрес, развој, интеграција, и сигурна иднина предводен од Стево Пендаровски.
Масовната посетеност на вчерашниот голем граѓански собир на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски докажа дека граѓаните се одлучни да продолжат заедно напред.
Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати се обединија околу Стево и неговиот концепт.
Тоа ќе се покаже и во недела кога граѓаните масовно ќе гласаат за претседател кој обединува, кој води напред и достојно ја претставува државата.
Граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов претседател на Република Северна Македонија, продолжуваме заедно напред.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа