Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико

 

Најмалку 11 лица загинаа, меѓу кои и две малолетни лица, а 22 се повредени во автобуска несреќа во близина на градот Валахуисес, во мексиканската држава Нуево Леон, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила околу 3:40 часот кога автобусот се превртел на националниот автопат, кој е затворен за сообраќај во двата правци, се наведува во краткото соопштение на Цивилната заштита на Мексико, пренесува порталот 20 minutos.

Гувернерот на Нуево Леон, Самуел Гарсија, изрази „најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите“, додавајќи дека повредените добиваат медицинска нега, како и дека е почната истрага за несреќата. 

03.06.2025 - 23:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега