Денот на македонската независност одбележан во Виена

 

Синоќа во организација на Амбасадата на Република Македонија во Австрија, во Виена беше приреден прием по повод 22-годишнината од прогласувањето на самостојноста на Македонија. 

На приемот присуствуваа околу 250 гости, од кои 40-ина амбасадори, претставници на институции, министерства, организации, како и гости од македонската дијаспора. Присуствуваше и министерот без ресор Хади Незир.

На присутните им се обрати амбасадорот Ѓорѓи Филипов, кој се осврна на значењето на празникот и воспоставувањето дипломатски односи со 170 земји во светот. Тој се заблагодари на Австрија и сите пријателски земји за соработката и поддршката.

Присутните беа послужени со домашни специјалитети и македонско вино.

08.09.2013 - 11:08
Фото: 
Пулс24

најчитано сега