Столе Стоилов со разочарувачка изјава по крајот на ЕП

 

Македонија со пораз од Данска во Вараждин од 31-20 го заврши своето учество на европското првенство во Хрватска на кое имавме две сосема различни „полувремиња“, првата фаза во која блескавме и ја завршивме без пораз (две победи и реми) и втор дел во кој три пати бевме поразени.

Еден од нашите главни адути на овој шампионат Стојанче Стоилов е разочаран од крајниот резултат и верува оти можеле да направат многу повеќе на овој континентален собир.

-Разочаран сум од себе, од нас, мораше да биде подобро од ова. Имавме одлична прва рунда како никогаш до сега. Знавме што не очекува, не ни е прв пат. Секое првенство памет за друго, до кога така. Летаат годините, утре-задутре нема да биде тука Кире Лазаров. Требаше ова првенство да биде тоа првенство. Бевме добри, имавме многу позитивни работи, само што таа мала разлика е голема разлика, меѓу полуфинале и другото. Пак останува тоа, памет за другпат, се надевам младите научија од ова искуство, -истакна Столе.

 

 

 

25.01.2018 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега