Литванци ќе им судат на нашите ракометари против Ангола
Грешката која ја направи Светската ракометна федерација со делегирање на јужнокорејски судии во првото коло во мечот против Тунис, кои не се снајдоа во своето деби на муднијалот и направија неколку грешки, ја исправа со тоа што во натпреварот од второто коло делегира литвански судии.
Литванскиот судиски пар Миндаугас Гателис и Ваидас Мазеика важат за судии од самиот европски и светски врв и ќе го судат мечот на Македонија против Ангола кој за нашата репрезентација е клучен за пласманот во осминафиналето.
Со знакот на ИХФ и ЕХФ се повеќе години и досега суделе на неколку големи значајни натпревари на светските и европските првенства и мечеви од Лигата на шампионите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа