4.884 Македонци заминале во Грција за Илинден - нема многу гужва на границите во Македонија

На граничните премини Богородица и Дојран продолжениот Илинденски викенд не донесе рекордна сообраќајна фреквенција.

Од утрово за излез од земјата на „Богородица“ се чека максимум до 15 минути и тоа само во ударните налети на возила.

Надлежните информираа дека од вчера до 10 часот денеска границата во двата правца ја минале 17.073 патници, од кои 6.265 се македонски државјани. Само на излез од земјата границата ја минале 4.884 наши граѓани што претставува извесно намалување во однос на ланскиот „Илинден.

Од почетокот на јуни до 1-ви август на граничниот премин Богородица во двата правца границата ја минале вкупно 847.140 патници од кои 244.878 се македонски државјани.

На граничниот премин Дојран вчера и денеска задржувањето на возилата поради обавување на царинските формалности изнесува од 3 до 5 минути. Во овие два дена границата во двата правци ја минале 4.451 патник од кои повеќе од половината или точно 2.390 се македонски државјани.

најчитано сега