Македонија ги доби противниците во квалификациите за ракометното ЕУРО 2018
Репрезентациите на Исланд, Чешка и на Украина ќе бидат противници на Македонија во четвртата групата за квалификациите за Европското првенство во ракомет 2018 во Хрватска.
На жрепката во Дубровник беа извлечени и другите шест групи:
Група 1: Данска, Унгарија, Холандија, Летонија.
Група 2: Полска, Белорусија, Србија, Романија.
Група 3: Шпанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Финска.
Група 5: Германија, Словенија, Португалија, Швајцарија.
Група 6: Шведска, Русија, Црна Гора, Словачка.
Група 7: Франција, Норвешка, Литванија, Белгија.
Квалификациите ќе се играат од 2 ноември 2016 година до 18 јуни 2017 година. Двете првопласирани селекции од секоја група и најдобрата трета од седумте групи ќе се пласираат на првенството.
Европското првенство во Хрватска ќе се игра од 12-28 јануари 2018 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа