Бојковска: Ваква истрага како за Кочани - досега немало
„Мора да се согласиме дека ваква сеопфатна истрага досега немало, веќе 59 осомничени лица, истрагата трае, од ден на ден гледаме дека се проширува и на повеќе, така што во овој дел ценам дека македонската јавност транспарентно ја има колку што дозволува истрагата да ги имаме информациите за ситуацијата со Кочани“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на 24 телевизија.
Бојковска продолжи и додаде:
„Изминативе денови јас можев да забележам дека одредени политички субјекти од опозицијата сакаа да создадат мислење за тоа дека е како досега и дека се работи како порано што се работело. Оттука сакам да испратам една порака дека нема веќе недопирливи, нема веќе подобни и неподобни и нема веќе наши и ваши. Оваа трагедија ја потресе целата македонска јавност и сакам да ги исклучам тие ситуации и дека законот треба да важи за сите, да дозволиме да заврши истрагата“, кажа Бојковска.
Бојковска истакна дека секој еден кој има било каков удел за оваа трагедија е опфатен со истрагата.
„Треба да бидеме свесни дека одредени детали сè уште не се познати на јавноста и така треба да биде се со цел постапката да биде најефективна нешто што кое го чекаме сите граѓани. Она кое и јавниот обвинител Љупчо Коцевски избран од времето на СДС кажува а тоа е дека резултатот од Кочани е поради причинско последиска врска на тоа што се случувало со години, значи со години трул систем, нешто коешто очигледно со години, години наназад било причина за непочитување на законите. Ова не е нешто што настанало од вчера, туку со години и со оваа акција која е активна во моментот за Кочани се укажува на тоа дека секој еден кој има било каков удел за трагедијата во Кочани дека треба да биде опфатен, почнувајќи од најниско се до највисоко ниво“, изјави Бојковска.
Бојковска потенцираше дека досега во притвор има актуелни министри, поранешни министри и директори.
„Ние веќе во притвор имаме 4 поранешни министри за економија коишто е ресорно министерство во однос на издавање на лиценцата, директори од Дирекцијата за заштита и спасување, небаре еден кои е и актуелен министер, понатаму градоначалници, бивши градоначалници итн., сакам да упатам дека граѓаните не треба да бидат загрижени по однос на неселективноста е она која ја одликува оваа истрага и нешто кое е многу важно дека овој пат ќе имаме име и презиме за тој кој го прекршил законот, нема да имаме веќе кабелот е крив, пајакот е крив итн., бидејќи македонската јавност е згрозена од сите трагедии кои ни се случија во минатото и да дозволиме истрагата да има ефектива и да не ја мешаме политиката во овој дел“, заклучи Бојковска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа