Османи за Бандентеровото мнозинство: Ако некој поминува на црвено, не го вадиш семафорот – го казнуваш тој што греши

 

Буjaр Османи, кандидат за градоначалник на Чаир остро реагираше на најновите пораки на Димитриевски против Бадентеровото мнозинство, оценувајќи дека се работи за опасна, одамна планирана стратегија насочена кон бришење на основите на Охридскиот рамковен договор.
„Мислам дека ова е веќе видена стратегија. Планот за анулирање на Рамковниот договор постои одамна, пред две-три години беше направен. Само што тогаш не можеа да го реализираат – им требаше албански партнер што ќе им даде легитимитет пред народот и пред странците. Сега го најдоа“, изјави Османи.
Османи објасни дека целта на оваа стратегија е постепено и тивко да се елиминираат сите столбови на рамковниот договор:
„Почнаа со лиферување на пробни балони за јазикот, по медиуми. Потоа името на министерствата веќе не стои двојазично, па уставниот суд по нарачка почна да укинува закони. Едвај успеавме да ги запреме пред Уставен суд со протести – но тие не отстапуваат. Чекаат само момент на невнимание.“
Според Османи, последната фаза од стратегијата е елиминација на Бадентерот и на системот за балансна етничка застапеност во институциите:
„Им рековме, злоупотребата не се решава со укинување на системот, туку со казнување на злоупотребувачите. Ако некој поминува на црвено, не го вадиш семафорот – го казнуваш тој што греши! Но нивната цел не е ред, туку целосно отстранување на алатките кои ја гарантираат рамноправноста.“
Османи потсети дека од механизмите на Рамковниот договор немаат корист само Албанците, туку и другите заедници:
„Македонците во Чаир беа најзаштитени токму од балансерот. Благодарение на него, општината мораше да ги вработува и нив согласно бројот. И тие ми велат: ова е директен удар врз нивната безбедност. Ова не е албански или македонски интерес. Ова е противдржавен интерес.“ - заклучи Османи
 
Во својата најава, Османи остро ја осуди тишината на дел од албанските партии во власта кои, според него, му даваат легитимитет на овој опасен проект:
„Историјата ќе им суди, прво на албанските фракции кои го легитимираат ова, но и на македонските партии кои удираат по стожерот на унитарноста на државата. Ова е олигархиска, но и проруска и просрпска агенда која сака да го разгради соживотот и да го подели општеството.“ - заклучи Османи.
30.08.2025 - 14:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега