Страшна сообраќајка: Три лица загинаа, осум се пренесени во болница

 

Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево - Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени.

Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена е наредба за испитување на евентуално присуство на алхокол или други супстанции кај повредените. 

- По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, информираат од Јавното обвинителство.

Сообраќајната несреќа се случи меѓу Кичево и селото Трапчин Дол и во неа, како што синоќа за МИА изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, учествувале три возила.

19.04.2025 - 10:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега