Петровска во 24 анализа: Истрагата за Кочани е контаминирана

 

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска во 24 анализа рече дека, истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани треба да се прошири и да има обратен редослед, односно да почне од тие што се директно виновни.

Според неа, истрагата е селектива но и контаминирана од страна на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски.

„Не можам да се сложам дека истрагата е неселективна и ќе кажам дека со одреени изјави и дејствија истрагата е контаминирана и ќе треба да се направи промена која ќе покаже дека истрагата е на правилен пат. Сметам дека истрагата треба да се прошири односно истрагата требаше да почне од тие кои се директно виновни па потоа да се проширува понатаму. Со политичките изјави на Тошковски се контаминираше истрагата. Ја презеде улогата на главен обвинител но подоцна сфати дека Обвинителство треба да ја води истрагата. Како граѓанин и пратеник имам право да поставам јавно прашање и впрочем министерот даваше детали за истрагата. Моето тврдење дека истрагата е селективна е врз основа на Законот за полиција, според кој има најмалку 10 точки кои се прекршени“, рече Петровска.

17.04.2025 - 23:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега