Престрелка со полицијата во скопско Ѓорче Петров - едно лице рането

 

Полицијата го фати на дело ограбувачот кој денеска се обидел да ја ограби филијалата на Стопанска банка во скопско Ѓорче Петров. Како што дознаа Press24, вработената во банката пријавила во полиција дека ограбувачот влегол во банката и ја ограбил. Полицјаците веднаш излегле на терен и со своите возила го пресретнале ограбувачот кој почнал да пука во нив. Полицијата возвратила на пукањето при што ограбувачот бил погоден. Веднаш била повикана екипа на Брза Помош која го пренела во една од скопските клиники.
Од МВР за Press24 ги потврдуваат информациите.

 

 

Оцени ја веста

08.10.2015 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега