Земјотрес од 5 степени го погоди центарот на Турција

 


Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала денеска го погоди центарот на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот се случил на длабочина од седум километри, на 13 километри од градот Кулу во близина на Анкара, 85 километри јужно од Кирикале.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

15.05.2025 - 16:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега