Уапсен претседателот на кумановскиот суд

 

Голема акција спроведе македонската полиција. Како што дознава Пресс24 од полцииски извори, приведени се повеќе лица кои се сомничат за серија кривични дела меѓу кои и нелегална трговија со дрога и оружје, лихварство, изнуди и криумчарење мигранти. Приведен е и претседателот на кумановскиот суд, Муса Сулејмани.

Според најновите податоци,  Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција постапува против 12 лица приведени во Скопје, Куманово и други градови низ Македонија. Донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица, приведени во полициската акција која се спроведуваше во текот на ноќта и утринава, соопштуваат од ОЈО.

- Едно од осомничените лица се гони за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овлстување“ кој ги сторил вршејќи висока функција во Основниот суд Куманово. Останатите единаесетмина се гонат за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „лихварство“, „изнуда“ и криумчарење мигранти, се наведува во соопштението. 

Истрагата во надлежното обвинителство и понатаму продолжува. 

 

 

Оцени ја веста

08.10.2015 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега