ФОТО: Сообраќајка кај Трговскиот Мавровка
Сообраќајка предмалку се случи кај Трговскиот Центар Мавровка. На раскрсницата меѓу улиците „Крсте Петков Мисирков“ и „Гоце Делчев“, се судриле автомобил „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки и „Фиат добло“ со гостиварски таблички.
За среќа, во несреќата повредени нема. Не се знае колкава е причинетата материјална штета.
Полицијата врши увид на местото на настанот.
ФОТО: Република
Оцени ја веста
08.10.2015 - 13:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа