На Табановце фатен дилер по кој се трагало со месеци
Царински инспектори од Одделението за истраги вчера на граничниот премин Табановце го лишиле од слобода македонски државјанин М.Ф. против кого во месец февруари годинава беше поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 15.02. годинава при претрес на патнички автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од страна на Македонецот Ж.К во патна торба царинските службеници од граничниот премин Табановце е пронајден пар долни тренерки во чии ногавици помеѓу поставата се откриени два пара црни чорапи наполнети со непозната густа материја со бела боја позната како амфетамин со тежина од 191 грам.
Вчера, осомничениот М.Ф. пристигнал на граничниот премин Табановце – автопат и се пријавило за влез во државата, при што, согласно законските овластувања по преземените мерки и активности, царинските инспектори од Одделението за истраги го приведоа осомниченото лице и го изведоа пред судијата на претходна постапка при Основниот Суд Куманово, кој му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа