Ѓорѓиевски: Голема акција за уредување на зеленилото низ цела општина Кисела Вода

 

Општина Кисела Вода спроведува голема акција за косење на нараснатата трева на јавните површини. Во акцијата се вклучени сите сезонски работници, кои со тримери темелно ја уредуваат зелената површина низ целата територија на општината.
Денес се работи на трим патеката, која поради убавото време интензивно се користи од граѓаните за рекреација и прошетки, како и на поголемите паркови и детски игралишта. Паралелно со косењето, со специјално возило се пере трим патеката, со цел одржување на хигиената и поголем комодитет.
Акцијата продолжува и во наредните денови, при што ќе бидат опфатени сите месни и урбани заедници. Станува збор за редовна активност која се интензивира секогаш кога временските услови предизвикуваат побрз раст на вегетацијата.
 
-Зелените и чисти површини не се само естетски елемент, туку и суштински дел од здравата и квалитетна животна средина. Затоа, вложуваме максимални напори за редовно и темелно одржување на парковите, детските игралишта и патеките за рекреација, како и на сите останати јавни простори. Ваквите големи акции, со вклучен ангажман од голем број на сезонски работници, ќе продолжат и во периодот кој е пред нас-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
15.05.2025 - 12:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега