Статистика: Намалена потрошувачката на електрична енергија и природен гас
Во март годинава бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 798.785 мегават часови што во споредба со истиот месец лани е пад од 0,28 отсто.
Според Државниот завод за статистика, во бруто-домашната потрошувачка нето-увозот учествуваше со 33,42 процента, додека бруто-домашното производство со 66,58 отсто.
Вкупниот увоз на природен гас изнесуваше 12,153 милиони нормални метри кубни што во споредба со увозот во март 2012. е пад од 60,61 отсто.
Најголема потрошувачка на природен гас во март 2013 година е забележана за енергетски трансформации во износ од 77,59 отсто, додека за финална потрошувачка се потрошени 21,85 проценти од вкупно расположливиот природен гас.
ФОТО: Канал 5