„Играчката моја нека биде твоја“ - децата од Ѓорче Петров ја покажаа својата хуманост

Над 200 деца од Ѓорче Петров кои  спортуваат на стадионот „Македонски лавови“ за време на летните распусти  покрај спортските активности ја покажаа и својата хуманост.

Забавната фудбалска школа која постои повеќе од 15 години е наменета за деца од 6-11 години.

Фудбалска школа од Ѓорче Петров донираше играчки и училишен прибор за децата од предшколска возраст од населбата Шуто Оризари. Хуманитарната акција водена под мотото „Играчката моја нека биде твоја“ наиде на голем интерес кај младите спортисти кои овојпат беа мотивирани преку тимската работа да ги покажат своите хуманитарни цели. 

Голем број на играчки , моливи , тетратки и секаков училишен прибор се само дел од собраните предмети кои беа доделени на дневниот центар за работа со деца од предшколска возраст со кој раководи НВО Амбрела- Шуто Оризари. Останатиот дел од хуманитарните предмети ќе бидат подарени во други центри за работа со деца.

15.09.2014 - 13:57


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега