Штама во судницата: Сведокот на СДСМ „го закопа“ Заев

 

Сведокот на СДСМ, Газда Нини, јавно призна дека социјалдемократите не ја кажувале вистината кога во предизборниот период обвинуваа дека премиерот Никола Груевски договоарал поткуп за продажбата на Македонска банка. Адвокатот на премиерот Никола Груевски, Никола Груевски уште еднаш јавно го праша газда Нини, дали има вистина во тврдењата дека Груевски преговарал и дека тој дал поткуп директно или преку друго лице.

„Нема вистина. Немам со било кого разговарано на таа тема, ниту сум дал поткуп. Бев непријатно изненаден кога ме повикаа да сведочам. Не се познавам ниту со Заев ниту со Груевски. Со премиерот се немам видено никогаш во животот. Ниту за Македонска Банка, сум имал разговор со него и немало потреба за тоа. Акциите беа продаденина берза и може да ги купи кој сака. Си има брокери кои тоа го работат. Продавачот јас не го знам. Јас не знам кој е сопственик на акциите ниту сум можел да знам. Тужителот не го знам, ниту некогаш сум го познавал.“ - рече Нини пред судот. 

Интересно е што токму Газда Нини беше сведок кој го повика СДСМ и со кој опозицијата преку своите медиуми најавуваше дека ќе докаже дека Груевски договорал продажба на банката со него. Сепак, токму тој сведочеше во корсит на тужителот со што уште еднаш се докажа дека СДСМ не ја зборува вистината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

Газда Нини ги попари социјалдемократите за Македонска Банка - Не го познавам Груевски

01.09.2014 - 12:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега