Останува во Неготино - возачот кој ја предизвика сообраќјката кај Удово не може да се врати во Србија
Дваесет и едногодишниот Рајко Радуловиќ од Ниш учесник во сообраќајката која деновиве се случи кај Демир Капија при што загина осуммесечно бебе, а седуммина патници беа повредени, откако излезе од болница ќе мора да остане во Неготино и секој ден да се јавува во полиција, на одлука на неготинскиот суд на барање на обвинителството, информираше Аце Ангелковски, претседател на Основен суд Неготино.
- На возачот на фиестата му се одземени личната карта, пасошот и возачката дозвола и тој ќе престојува во Неготино, тоа се мерките на претпазливост кои беа донесени согласно на законот, соопшти Ангелковски.
Тешката сообраќајка се случи на патот Демир Капија - Удово. Загина осуммесечно бебе, а повредени беа уште седум лица во директен судир на две возила со српски регистарски таблички.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа