По 3 години затвор за 6 учесници во протестите против пресудата за Монструм

По 3 години затвор добија шестмина насилни демонстранти од протестите кои на почетокот на месецов се одржаа во Скопје против пресудата во случајот Монструм. Сите шестмина одговараат за учество во толпа која ќе стори кривично дело.
Еденд обвинет доби ослободителна пресуда, додека за едно лице, обвинителството се откажа од обвинението.
Во протестите против Монструм повредени беа дваесетина полицајци и беше причинета значителна материјална штета. 

30.07.2014 - 11:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега