Ја оставил сопругата бремена бидејќи се вљубил во сестра и - убиството во Шутка крие неверојатна приказна

Тргнал да ја земе бремената сопруга од кај нејзините роднини, заминал во смрт. Наместо прослава за Рамазан, семејството нан Аки Реџепи денеска е во црно. Трагично заврши неговата љубов со со Шукрије, откако нејзиниот очув, му пресуди удирјаќи го со метална шипка во главата. 25 годишниот Аки, утрово почина во болница.

По неколкучасовната расправија на оваа улица каде што бил целосно искршен автомобилот на починатиот Аки Реџепи, семејството на неговата жена го повикале кај нив дома со цел да разговараат и да се смират но како што велат соседите тие го затвориле во куќата и го претепале до смрт.

Родителите на убиеното момче во шок. За се ги обвинуваат своите сватови.

Денеска цела Шутка беше на улица. Соседите велат дека недоразбирањата меѓу двете семјества се развлекувале со години.

Според нив, Аки и Шукрије повеќе од една година живееле во среќен брак од кој имале едно, а го чекале и второто дете. Проблемот, според нив настанал, кога Аки се вљубил во сестрата на својата сопруга. Тоа не можел да го издржи нејзиниот очув, кој вчера, во полиција пријавил дека зетот ја грабнал неговата ќерка.  Во обид да се смират работите, го повикале Аки, да им ја врати едната ќерка и да си ја земе бремената сопруга за заедно да го прослават Рамазан. Наместо празнична атмосфера, помирувањето завршило крваво. 
Аки со фрактура на черепот бил префрлен во Ургенниот центар но лекарите не можеле да му го спасат животот. 

Од полицијата го потврдуваат го потврдуваат случајот.

За помалку од две недели, ова е втора љубовна драма во Скопје која заврши трагично. Претходно, Игор Спасовски со пиштол уби две сестри во скопски Аеродром а потоа, сам си пресуди.

 

29.07.2014 - 19:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега