Што предизвикува рак, кремите за сончање или сонцето?

 

Кога некој ќе рече дека во лето рак на кожа не предизвикува сонцето, туку напротив кремите за сончање, како и дека приказната за благотворното дејство на заштитните фактори е глобална лага, очекувајте за тоа да има многу силни аргументи.

Од каде почна приказната? 
Овој мит според кој кремите се полни со канцерогени материи, а УВ зраците полни со витамин Д кој штити од рак на кожа, очекувано се шири од некои компании кои тврдат дека нивните производи не содржат никакви отровни материи, посебно производителите на т.н. природни, холистички препарати.

Приказната се темели на некои истражувања кои наводно ја идентификуваат врската меѓу ракот на кожата и неколку состојки на заштитните креми како титаниумов оксид, цинков оксид, октиноксат, оксинобензен и 4 метил-бензилиден камфор. Нивната токсичност, меѓу другите, ја пропагираше американската организација Environmental Working Group (EWG).

Истовремено многу поборници на се што е природно, како и теоретичари на заговори веруваат дека козметичката индустрија намерно шири паника од сонцето, кое всушност помага во создавање на витаминот Д и така кожата ја штити од рак.

Слични тези можеа да се видат изминатите години во многу наши и светски медиуми, а пред неколку дена за хрватска јавноста ја освежи нашиот неизбежен експерт за теории за заговори и за сите науки Крешимир Мишак.

Што зборуваат доказите?

Колку стравот од спорните материи е втемелен во достапните научни докази?
Американското министерство за здравство редовно објавува Извештај за карциногени со попис на познати опасни материи од кои со причина може да се очекува канцерогено дејство. Интересно е дека во извештајот нема ниту една од наведените состојки. Спорните материи како карценогените не ги наведува ни Меѓународната агенција за истражување на ракот, а не ги забрани ни американската ни европската агенција за храна и лекови.

Реагирајќи на загриженоста, научниците Денис, Л. К. Л. Е. Бин Фриман и М. Ј. Ван Бик уште во 2003 година спроведоа студија која се обиде да утврди можна врска меѓу кремите за сончање и ризикот од рак. Истражувањето покажа дека заштита почесто користат лица со светол тен, кај кои ризикот е поголем, меѓутоа не откри никакво зголемување на опасноста кај корисници на креми за сончање. Авторите заклучија дека студиите во кои ризикот бил идентификуван дошле до погрешни каузални резултати, бидејќи не успеале да ги контролираат сите збунувачки фактори, на пример во утврдувањето на врската меѓу ракот на белите дробови и каков ефект би имало пушењето бидејќи луѓето кои пијат кафе често и пушат.

Една австралиска студија спроведена во 1999 година се обидела да најде врска меѓу ракот на кожата на примери од 1.621 жител на Намбоуро, во југоисточната покраина Квинсленд. На учесниците биле дадени креми со фактор СПФ 15 плус, а требале да го применуваат или не, секој ден четири и пол години. Резултатите од истражувањето, претставени во медицинското списание Лансет, не покажале никакви лоши последици од кремите. Напротив, кај испитаниците кои ги користеле, забележано било значително намалување на клетки на рак на епителот, кои се наоѓаат во горниот дел на кожата, како и никаква промена во бројот на појави на рак на базните клетки кои се наоѓаат во долниот дел на кожата.

Австралиското Министерство за здравство ИАРЦ во 2010 година спроведе ревизија на студијата за безбедност од титаниум оксид и цинков оксид во кремите. Истражувањето покажало дека овие материи, спротивно на тезите на алтернативците, остануваат на површината на кожата, на мртвиот слој, т.е. не продираат до живите клетки. Со други зборови, дури и кога наведените соединенија би биле токсични, што не е докажано, тие не можат да допрат до живите клетки, а не пак да ги оштетат. ИАРЦ заклучи дека нема докази кои би потврдиле карциногеност на испитаните соединенија за луѓето.

Што е со витаминот Д?

Последните години некои експерти, медиуми и холистички лекари се почесто изразуваат загриженост поради можноста кремите за сончање, посебно тие со високи фактори, дека можат да го намалат нивото на витаминот Д во телото. Витаминот Д е важен за здравјето на коските и одбранбениот систем. Некои сметаат дека исто така штити од рак, посебно на системот за варење, но тоа уште не е дефинитивно докажано ниту оспорено. Витаминот Д се создава како реакција на зрачењето на УВБ зраците кои ги блокираат заштитните креми. Но многу студии покажале дека за создавање на потребното ниво на витаминот Д е доволно изложување на сонце и без директно сончање. Дури, претерувањето со сончање, нема во недоглед да го зголемува нивото на витаминот Д. Во еден момент неговото создавање престанува наспроти нашето печење на сонце.

Потребата за изложување на сонце и УВ зраци зависи од видот на дејностите, пигментацијата, географската ширина и од многу други фактори. ИАРЦ утврди дека на нашата географска ширина луѓето кои работат во затворени простории примаат годишно преку лицето и рацете од 40 до 160 пати поголема доза на зрачење од минимално потребните. Луѓето кои работат на отворено и до 250 пати повеќе!

Кој е заклучокот?

Јасно е дека козметичката индустрија во производството на креми за сончање со време воведуваат некои нови материи. Нивната штетност треба редовно да се контролира, а за некои сериозни резултати понекогаш се потребни години. Но, за сега не постојат никакви докази дека материите наведени на почетокот на текстот можат да предизвикаат рак.

Од друга страна, постојат многу јасни докази дека изложувањето на сонце го зголемува ризикот од рак на кожата. Тоа е еден од карциномите кои последните години покажува најбрз тренд на раст. Од 2010 година, секоја година од него во светот умираат околу 80.000 луѓе, што е пораст од 51.000 во однос на 1990. Американското министерство за здравство како и ИАРЦ сончевото зрачење го ставиле на пописот на познати предизвикувачи на рак кај луѓето. Во САД годишно се дијагностицираат над 3,5 милиони случаи на рак на кожата, што го прави најчест карцином во таа земја. Статистичките податоци покажуваат дека секој петти Американец во некоја возраст заболува од рак на кожата. Само во 2008 година, од него умреле 8.623 луѓе во САД.

 

Секако, сепак треба да се води сметка за тоа дека ниту една крема за сончање нема 100 отсто да не заштити од УВ зраците и од рак на кожата! 

Извор: tportal.hr

14.07.2014 - 13:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега