Ужас: Скопјанец силувал малолетник од згрижувачка установа

 


Во СВР Скопје од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека на 27.04.2025 во стан на подрачјето на Центар, Љ.П. од Скопје имал сексуални односи со 15-годишен штитеник на установата.

Со малолетникот, во присуство на старател и воспитувач од установата, бил извршен службен разговор и за настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесено писмено известување до ОЈО Скопје.

01.05.2025 - 13:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега