Meџити за случајот со Државна лотарија: Никој не е над законот, секој што згрешил ќе одговара
Секој што згрешил мора да одговара, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, запрашан за коментар за случајот со корупција во Државна лотарија.
Пораката, како што рече, е дека никој не е над законот.
По настанот на засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош, на кој присуствуваше заедно со евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, Меџити посочи дека треба да се остави МВР, судството и обвинителството да се занимаваат со случајот.
„Слушнав и јас. Но, се согласувам со евроамбасадорот дека треба да оставиме на органите на прогонот, односно на МВР и судството и обвинителството да се занимаваат со случајот. Битно е што пораката е дека никој не е над законот. Секој што згрешил мора да одговара, денес или утре тоа ќе биде“, истакна тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа