И Али Ахмети замина во Косово
Историско кафе со Али Ахмети во Приштина, напишна извесен Исмет Сулејмани на својот фејсбук профил утрово. Во објавата не пишува која е причината поради која лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска е во посета на Косово. Во придружба на Ахмети е генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети.
„Утринско кафе во Приштина, со лидерот на народот, татковината и албанската нација, мојот пријател Али Ахмети и генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети“, напиша Сулејмани во објавата на фејсбук
Претходно Артан Груби објави дека заминал во Косово. Во Македонија Обвинителството за него бара притвор. Во Косово според неофицијални инфорамции е и првосомничениот, екс директорот на Лотарија Перпарин Бајрами.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа