Ковачевски овозможил Лотарија да приредува игри на среќа без лиценца

 


На 13.12.2024 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и корупција-Сектор за криминалистички истраги-Единица за корупција до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против осум лица: против П.Б. (31) за „злоупотреба на службената положба и овластување“ чл.353 ст.4, „примање поткуп“ чл.357 ст.4 и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ предвидено и казниво по чл. 275-в ст.3 од КЗ, против А.Г. (47) од Скопје за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“чл. 275-в ст.3 в.в. член 24, против Д.К. (50) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, против М.Д. (58) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, против В.П. (41) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4 и продолжено кривично дело „примање поткуп“ предвидено и казниво по чл.357 ст.1 в.в. чл.45, против А.А. (36) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, против Н.Х. (52) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4 и кривично дело „примање поткуп“ предвидено и казниво по чл.357 ст.1 и против М.З. (38) од Тетово за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4.

„Третопријавениот Д.К., како претседател на Владата на Република Северна Македонија, по претходен договор со првопријавениот П.Б., на 08.03.2022 година ја ставил на дневен ред и усвоил постапка за основање на трговското друштво „Нова Државна Видео Лотарија – НОВО ВЛТ ДОО Скопје“, иако знаел дека материјалите не се разгледуваат на седница согласно Деловодникот за работа на Владата (член 68 став 1). Со ова овозможил друштвото да стекне право да приредува игри на среќа без лиценца и на одговорните лица им овозможил противправна имотна корист од 8.598.000 денари“, информираше МВР.

17.12.2024 - 16:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега