Судот им ги зема пасошите - за притворот на Груби се одлучува

 
4 лица кои се дел од истрагата за Лотарија останаа без пасошите. За притворот на Груби дополнително ќе се одлучува, се вели во соопштението кое утрово го објави Кривичниот суд. 

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост против четири лица кои се опфатени со истрагата поврзана со „Државна лотарија на РСМ“, за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 од КЗ, а кои во текот на ноќта беа сослушани во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот на ЈО и на сите 4 лица им определи мерки согласно чл. 146 ст.1 т. 2 и т.3 односно Одземање на патна исправа и Обврска за повремено јавување на службено лице во судот.

 

Воедно, до судија на претходна постапка доставен е и предлог за определување мерка притвор против две лица опфатени со истата истрага, која мерка започнува да се спроведува од нивно пронаоѓање, за кој предлог судот е во фаза на постапување, а за што во текот на денот јавноста ќе биде дополнително известена.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

17.12.2024 - 10:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега