Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди Турција
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Епицентарот на земјотресот бил во Мраморното Море, на длабочина од шест километри, на 26 километри јужно од општината Силиври во провинцијата Истанбул.
Земјотресот се случил во 12:49 часот по локално време.
Според очевидци, земјотресот бил силно почувствуван во Истанбул.
Земјотресот е почувствуван и во Бугарија, Грција и Романија. Засега нема информации за евентуални штети или жртви.
23.04.2025 - 12:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа