ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ не се Албанците, Албанците се срамат од нив

 


Бујар Османи и ДУИ повторно ги извртуваат тезите. Албанците не биле и не се ДУИ, ниту пак ДУИ има право да се прикажува како единствен претставник на Албанците. Волјата на граѓаните, Македонци, Албанци и сите други – јасно покажа дека криминалната структура на Али, Артан и Бујар припаѓа на буништето на историјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто да не може аргументирано да се соголува криминалот на ДУИ?

Дали тоа е забрането?

Значи ли тоа дека за Бујар, Али, Заев, Филипче и другите корумпирани колеги важат други правила – дека ним сè им е дозволено?

Тие што така мислеа, денеска се таму каде што им е местото, во опозиција.

Кога ДУИ се фатени во криминал и корупција, тоа не е напад врз Албанците, туку разобличување на мафијашката мрежа која ја користеше етничката карта како параван.

Јасно е: криминалот не се исплати повеќе!

Следува одговорност!

Народот избра промени и еднаквост, а не корупција и клиентелизам.

ДУИ може да се крие зад етнички знамиња, но од правдата и од народната пресуда нема да се скрие“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

25.08.2025 - 10:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега